Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Сиудад го исополнува сонот на Лазаров

Од дата: 27-09-10 г.

ЕХФ никогаш не бил посреќен од лани, кога Ф4 турнирот во Келн излезе како полн погодок и настан рамен на кошаркарските турнири. Затоа побрзо-подобро, експресно одново му беше доделена организацијата на германскиот град за финалниот турнир кој е сега како проверена работа е далеку попривлечен и за сите екипи. 

Како и секогаш Сиудад, Барселона и германските екипи важат за топ фаворити. Но, Монпеље, кој лани имаше пех со повреди и значително засилениот Целје Пивоварна се екипи кои можат да помрсат сметки на кого било. Другите тимови главно ќе се фокусираат на влез меѓу 16-те екипи, а што ќе им се случи по тоа е некаков бонус. 

Дуелот меѓу дебитантот во Лигата на шампионите, Санкт Петербург и сараевската Босна одигран во \"северната престолнина\" на Русија беше премиерниот меч од групната фаза од Лигата на шампионите. 

За првпат Македонија нема да има свој претставник во оваа фаза од натпреварувањето затоа што во квалификациите Металург беше елиминиран. 

Македонија во европската елита ќе биде претставувана индивидуално и скромно со само два играчи. Кирил Лазаров кој ќе го носи дресот на Сиудад Реал и Бранко Ангеловски кој е играч на романската Констанца. 

Синоќа Кирил Лазаров ја имаше својата премиера во \"Дон Кихот\" во дресот на Сиудад Реал и тоа на дуелот со нималку наивниот германски тим Флензбург. 

Сиудад сезонава игра без Метличиќ и Фернандез, но со Лазаров во тимот и тоа привлече големо внимание кај европската ракометна јавност, која одново го вбројува тимот на Душебаев како еден од најголемите фаворити за трофејот. 

Санкт Петеребург, кој првпат се појавува во Лигата на шампионите, се засили со два украински играчи и во таков состав ја дочека од лани драстично ослабената екипа на Босна. 

Денеска и руската репрезентација преправена во \"чековски мечки\" го пречекува данскиот Копенхаген. Ова е меч од групата во која требаше да игра македонскиот Металург. Место тимот од \"Автокоманда\" во ЛШ ќе игра Динамо Минск, а Белорусите отвораат со незгодниот тим на Ваљадолид. 

Другите натпревари ќе се играат викендов, а првото коло нуди неколку интересни дуели од кои би ги издвоиле Барселона - Рајн Некар Ловен и Монпеље - Хамбург. 

Сите четири споменати екипи минативе 3 години беа во сенка на Сиудад Реал и Кил и годинава одново ќе се обидат да го сменат имиџот на лузери и го подигнат шампионскиот пехар. 

Бранителот на титулата, Кил, трета година по ред е во група со Барселона, а на премиерата се среќава со францускиот вицешампион Шамбери. 

Кил кој минатата недела доживеа шокантен пораз на гостувањето во Берлин, покажа дека со измените кои ги направи стана ранлив. Но сега им доаѓа Жером Фернандез и \"зебрите\" повторно ќе ја преземат улогата на фаворити.

Tyxo.bg counter