Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Со аеробни вежби до топ форма

Од дата: 13-02-12 г.

БЕРЛИН (ДПА) - Докажано е дека редовните аеробни вежби го доведуваат телото во топ форма. Маркус Вањек од училиштето за заштита и одржување на здравјето во Сарбрикен, Германија ги препорача надворешните активности на чист воздух како трчање и нордиско пешачење. Алтернатива на ова е вежбање по дома, на патека за трчање или справа за вежбање.

"Ова им помага на луѓето да го поминат критичниот период од годината без инфекции и да ја започнат пролетта со добро здравје", рече Вањек. Како и за било кои други вежби, важно е да се осигурите дека интезитетот на вежбите е во согласност со вашите способности. 
Подобрениот имунолошки систем и подобрената функција на одредени имуни клетки докажано ги намалуваат инфекциите на респираторните патишта и генералната телесна осетливост на инфекции.

"Посебно луѓето кои се жалат дека се премногу осетливи на инфекции особено ќе имаат корист од редовни, умерени аеробни вежби", додаде Вањек. "Сепак, програмата за вежбање која е преинтензивна, преобемна и која премногу исцрпува има сосема спротивен ефект". Поради ова имуниот систем може да ослаби и да се зголеми осетливоста на инфекции, рече тој.

Tyxo.bg counter