Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Со витамин Б ќе изгледате помладо

Од дата: 06-11-12 г.

Организмот старее? Зошто? Точниот одговор не се знае, но постојат различни теории, од кои една го обвинува намалувањето на природната одбрана на организмот.

Според таа теорија, по 50. година човечкото тело почнува да произведува автодеструктивни тела, кои го поттикнуваат процесот на стареење. Некои стручњаци ги препорачуваат витамините од групата Б (во храната и во лековите), кои се одлични за подобрување на одбранбениот систем на организмот. Други истражувања покажале дека тие витамини помагаат подобро да се остари, затоа што ублажуваат различни старечки тешкотии. На пример, со витаминот Б3 се намалуваат насобраниот холестерол и триглицеридите, маснотии кои го загрозуваат здравјето на крвните садови, а и го подобруваат изгледот на кожата. Исто така, се смета дека витамините Б3, Б5, Б6, инозитол, колин го забавуваат стареењето на крвните садови, срцето и на мозокот.

Tyxo.bg counter