Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Среќата на Фетел е во гаќите

Од дата: 13-11-10 г.

Иако Вебер има седум бода повеќе од Фетел, од Ред Бул соопштија дека нема да издаваат тимски наредби, оставајќи им на своите возачи меѓу себе да решат кој е подобар.
- Ако еден од нив не може да победи, но може да му помогне на другиот, тоа ќе биде прашање на негов избор, а не тимска наредба. Ќе биде фантастично доколку некој од нив биде шампион, но не ни е важно кој. Двајцата заслужуваат - дециден е шефот на Ред Бул Кристијан Хорнер, но Фетел, сепак, навести дека ќе биде кооперативен.
- Ако ситуацијата го наложи тоа, ние сме свесни дека возиме за тимот.
Алонсо, на прагот да стане најмладиот трикратен шампион во историјата, има навидум најлесна задача, бидејќи со осум бодови повеќе од второпласираниот Вебер му е доволно и да биде втор. Тој ги занемарува критиките дека неговата евентуална титула нема да биде заслужена, имајќи предвид дека Фелипе Маса му ја подари победата на германското гран при во јули, со што доби екстра седум поени.
- Дали ќе ја освојам титулата со седум, еден или 25 поени повеќе, воопшто не ми е важно. Мојата единствена цел е да победам или да бидам втор в недела. Не сакам да се оптоварувам со тоа што може Ред Бул да направи - вели 29-годишниот Шпанец.
За разлика од другите возачи, Фетел не се префрли веднаш од Бразил во Абу Даби, туку одмори два дена во родната Германија, а ја донесе и својата амајлија.
- Одлично се наспав и сонував нешто многу убаво. Го сонував неделното финале и тоа не беше ноќна мора. Ќе ги носам истите гаќи што ги имав на себе и за време на трката во Бразил. Се надевам дека тоа се моите среќни гаќи - рече младиот Германец.
Мали шанси за титулата има и Луис Хамилтон, но само ако победи, а останатите тројца не направат значаен резултат.

Tyxo.bg counter