Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Станиќ вреди 500.000 евра, Металург понудил 40.000

Од дата: 17-05-12 г.

Металург ќе мора да издвои речиси половина од својот буџет, доколку сака да го задржи Дарко Станиќ.

Српскиот голман по завршувањето на сезоната мора да оди во Гепинген, со кој претходно потпиша тригодишен договор, а останувањето во Автокоманда ќе го чини неговиот сегашен клуб половина милион евра. 
Цената на Станиќ постојано скока оваа сезона: почна од 200.000, па се зголеми на 300.000, а сега веќе таа изнесува цели 500.000 евра. Според тренерот на Гепинген, Велимир Петковиќ, Металург не ни бил подготвен да плати шестцифрена сума. 
„Имаме потпишан договор со Дарко и ако Металург сака да го задржи, ќе мора да плати. Цената е точно половина милион евра. Германците не се луди и наивни. Од Металург добивме СМС-порака, со понуда да ни платат обесштетување од 40.000 евра. Неверојатно! По финалето на Купот на ЕХФ, седнувам во авион и доаѓам во Скопје по Станиќ“, изјави Петковиќ за српските медиуми.

Tyxo.bg counter