Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Томовски на чекор до вицешампионската титула

Од дата: 24-09-10 г.

По официјалното откажување на шестиот натпревар од отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во 2010 година што требаше да се одржи во Турција, македонскиот моциклист Гоце Томовски  е на чекор од освојувањето на вицешампионската титула во најслината МХ1 класа.

Моментално во генералниот пласман после пет натпревари води Адриан-Валентин Радуча (Романија) со 222 бодови, пред Томовски со 132 и Николај Куманов (Бугарија) со 88 бодови. 

До крајот на сезоната останува уште натпреварот во Тројан, Бугарија на 10 октомври. 

На Томовски му се потребни најмалку 7 бодови да го осигура второто место и вицешампионската титула. Со тоа би го остварил својот најголем успех во кариерата, кој има уште поголемо значење ако се знае дека Томовски после 10-годишна пауза во 2008 година се врати на мотокрос патеките. 

Гоце Томовски важи за најдобриот мотоциклист на Македонија во 20 век, во 1995 година стана прв освојувач на златната кацига во мотоциклистичкиот спорт во Македонија, има освоено 4 титули шампион на Македонија, а во 1997 година беше балкански вицешампион.

Tyxo.bg counter