Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Тричковски потпиша на три години за Бриж

Од дата: 02-07-12 г.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски беше промовиран како четврто летно засилување на Бриж, откако потпиша тригодишен договор.

- Пред се, би сакал да им се заблагодарам на сите кои помогнаа да се реализира овој трансфер. Бриж е голем клуб со богата традиција. Имав неколку опции, но изборот беше навистина лесен, кога стигна понудата од Бриж. Моите амбиции тука се да освојувам титули и да стигнеме што е можно подалеку во Европа - изјави Тричковски на промоцијата.
Дваесет и петгодишниот напаѓач минатата сезона беше дел од тимот на кипарски АПОЕЛ, кој стигна до четврт-финалето на Лигата на шампиони, каде што беше елиминиран од Реал Мадрид. Бриж е шести клуб во кариерата на Тричковски, по Вардар, Работнички, Црвена Звезда, ЕНП и АПОЕЛ.
- Многу сум среќен поради овој трансфер. И покрај неговата младост, се работи за искусен играч. Тој ќе ни донесе брзина, длабочина и голови. Во нападот, сега имаме повеќе опции со Иван - кажа тренерот Жорж Ликенс.

Tyxo.bg counter