Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Чајот од камилица има антиканцерогени својства

Од дата: 24-05-13 г.

Американските научници од Универзитетот во Охајо откриле во чајот од камилица апигенин – соединение кое поседува антиканцерогени својства.
Клетките на ракот на дојката живеат подолго од обичните и се шират полесно. Соединението ги решава овие проблеми, а истовремено го прави ракот чувствителен кон хемотерапија.
Апигенинот ја забавува прогресијата на канцерските клетки во градите на три начини: доведува до клеточна смрт кај нив, инхибиција на клеточната пролиферација и до намалување на влијанието на генот поврзан со растот на туморот.

Освен во чајот од камилица, апигенинот може да биде пронајден во магдоносот и целерот, а исто така во многу овошје и зеленчук. Тој поседува и анти-воспалителни својства. Помага на протеините за да ги надминете аномалиите во ДНК, причина за 80 отсто од случаите на рак.

Истражувањето  на американските научници покажа дека апигенинот се поврзува со околу 160 протеини во човечкото тело. Меѓу нив најважниот е hnRNPA2. Можно е на сличен начин да дејствуваат и други антиканцерогени соединенија од прехранбените производи. Повеќето лекови влијаат само на една молекула.

Tyxo.bg counter