Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Чешки клуб заинтересиран за Пандев

Од дата: 08-07-11 г.

Прага, 7 јули 2011 (МИА) - Фудбалскиот клуб „Теплице“ деновиве го тестира Сашко Пандев, брат на македонскиот најдобар стрелец Горан Пандев, кој  моментално настапува за италијанскиот клуб „Интер“, јави дописникот на МИА од Прага. 

- Сашко Пандев е поранешен македонски репрезентативец до 21 година. Ќе го пробаме наредните десеттина дена и ќе видиме што има во него. Минимално во изгледот има сличност со брат му, вели Франтишек Хрдличка, директор на „Теплице“. 

Чешките медиуми пак пишуваат дека, 24-годишниот Сашко допрва треба да го пробива патот на славата, за разлика од неговиот брат, кој е најдобар македонски стрелец, неколкукратен играч на годината и дел од тимот кој ја освои Лигата на шампиони и победникот на Италијанската Серија А.

Tyxo.bg counter