Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Шарапова за една година заработи 24,5 милиони долари

Од дата: 24-08-10 г.

Русинката Марија Шарапова за една година заработи „само“ 24,5 милиони долари, пред се' благодарение на фактот што спонзорите се лепат за неа.

Покрај епитетот најубава, кој многумина и' го препишуваат откако зачекори во светот на тенисот, сега Марија Шарапова е и најплатена спортистка на светот! 

Слично како и Ана Курникова своевремено (од резултатски аспект далеку поскромна), Шарапова потврдува дека врвот на ВТА-листата и непрекината доминација на најголемите турнири не се единствени предуслови за тениска благосостојба. Имено, од својата вкупна заработувачка, на турнирите во последните 12 месеци собра само еден милион долари, а сите преостанати „зеленбачи“, се разбира, се од касата на спонзорите. Во тоа секако дека и' помогна титулата во Вимблдон во 2004 година, но нејзини главни адути секогаш беа и останаа исти - убавина, симпатичност и фотогеничност.

Зад брендовите кои ги рекламира Шарапова, највносен е договорот со „Најк“. Се проценува дека за осум години носење на нивната спортска опрема, појавувањето во рекламните кампањи и слично, 23-годишната убавица в џеб пикна чек вреден 70 милиони долари.

Марија Шарапова во последните сезони водеше голема битка со повредите, но со освојувањето на Мемфис пред неколку месеци, а потоа и на Стразбур, најави враќање меѓу тениската елита.

Второто и третото место на листата на „Форбс“ исто така се резервирани за тенисерки. Таму се наоѓаат Серена и Венус Вилијамс. Иако помладата од сестрите е на чело на ВТА-листата, сепак, според заработувачката зад Шарапова заостанува за повеќе од четири милиони долари. Венус заработила „само“ 15,4 милиони долари. Следуваат американската возачка на НАСКАР Даница Патрик и јужнокорејската лизгачка Ким Ју На.

Дека резултатите дефинитивно не се критериум кој маркетиншките стручњаци ги консултираат, доказ е и седмото место на убавата српска тенисерка Ана Ивановиќ, која веќе подолго време талка по формата, но за брендовите тоа не е битно. Битно е убаво да изгледаш и убаво да се облекуваш, провокативно да стенкаш и грстот долари е тука. 

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional