Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Шведските репрезентативци се жалат од судиите

Од дата: 16-01-12 г.

Шведските ракометари побараа оправдување за неуспехот да ја победат Македонија, тврдејќи дека биле оштетени од судиите во финишот на средбата од првото коло од Европското првенство во Србија, која заврши без победник 26:26.

„Сино-жолтите“ велат дека судиската двојка и помогнала на најголемата македонска ѕвезда Кире Лазаров. Шведска водеше со 25:22, но остана со негатива од еден гол за четири минути (26:25), откако Лазаров реализираше два пенали.
„Судијата му пријде на Лазаров и му кажа дека не направил чекори“, изјави Магнус Јернемир за „Афтонбладет“.
Швеѓаните, исто така, сметаат дека имало прекршок, кога Далибор Додер ја загуби топката при резултат 25:24.
„Ме удри по раката, тоа мора да биде прекршок“, рече Додер.
Шведскиот тим се пожали дека судиите им дозволувале на Македонците да играат многу подолго во нападот, пред да ги кренат рацете за пасивен напад.
„Тие можеа да играат една минута во напад, додека ние добивавме по половина минута. Тоа нервира“, додаде Јернемир.
Сепак, Ола Линдгрен призна дека судиите не им се виновни.
„Знаевме дека ќе биде вака, бидејќи публиката создава огромен притисок врз судиите“, рече Линдгрен.

Tyxo.bg counter