Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Шоуто на Металург продолжува

Од дата: 05-12-11 г.

Величествено, нема што! Металург може да има мирен зимски сон, зашто во совршено погоден момент го оствари најголемиот личен успех.

Но, нокаут-фазата на Лигата на шампионите, истовремено, е и највисокиот дострел за македонскиот машки ракомет, па победата над Санкт Петербург од 32:19 (16:7) навистина има зошто да се слави. Чудотворецот Лино Червар призна дека сега, кога клубот ја оствари првата цел за оваа сезона, конечно, може малку да се опушти и да испие едно пиво.
- Среќен сум денеска, зашто еден мал клуб од една мала населба оствари така голем успех. Но, јас знам дека тоа не е случајно, зашто секој ден гледам колку напорно работат сите луѓе во клубот. И затоа, да се биде во друштво на сите тие големи екипи во осминафиналето е признание за сите нас. Ми рекоа дека ова беше најдобриот Металург досега, но старите велат дека најдобро се игра кога најмногу треба, а моите играчи вечерва функционираа како еден одличен оркестар, борбен и со срце. Со ова, една мала Македонија си направи одлична промоција - со гордост во гласот зборуваше хрватскиот стратег по средбата.  
Целиот меч со рускиот вицепрвак се претвори во шоу. Од максимално исполнетите трибини толку грмеше, што и еден прекален волк како Дмитри Торгованов призна дека тоа ги уплашило неговите избраници. А, долу, на теренот, можеше мирно да се ужива во Металург, кој во ниту еден момент не се засити од фактот дека е подобар, порасположен и поинспириран од противникот. 
Дарко Станиќ (15 одбрани за 45 минути!), новата икона на Металург, во еден момент ги крена сите 6.000 гледачи во салата на нозе, а Жарко Марковиќ (девет гола) и Наумче Мојсоски (седум) имаа свое голгетерско шоу.             (Г.К.)

Tyxo.bg counter