Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Шпанија со бод ја започна одбраната на титулата

Од дата: 11-06-12 г.

Актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Шпанија одбраната на титулата освоена пред четири години, ја започна со нерешен резултат и само еден освоен бод. Попладнево на „Арена Гдањск“ во Гдањск, во рамките на 1.коло од „Ц“ групата на ЕУРО 2012, Шпанија и Италија одиграа 1:1.

И првото полувреме заврши нерешено 0:0, во игра со поголем посед на топката на Шпанците, но поизразени шанси за гол на Италијанците. Андреа Пирло, Антонио Касано и Тиаго Мота се обидоа да го совладаат шпанскиот голман Икер Касиљас, но тој го зачува својот гол.

Головите „паднаа“ во вториот дел. Прво Антонио Ди Натале ги доведе „азурите“ во водство со голот во 60.минута. Тоа беше негов прв контакт со топката, откако влезе во игра на местото на Марио Балотели. Шпанија изедначи четири минути подоцна со голот на Цеск Фабрегас.

Најголемата можност да и донесе победа на неговата репрезентација ја пропушти Фернандо Торес кој неспретно реагираше во 85.минута кога излезе сам пред италијанскиот голман Џиџи Буфон.

 

 


Tyxo.bg counter