100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Што бараш во теретана?

Од дата: 15-09-12 г.

Одговорот на ова прашање може да се покаже како едно од најважните за вашиот успех во промената на физичкиот изглед. Тренингот во теретаната е доста едноставен: одиш во теретана, подигнуваш тегови, јадеш колку што можеш повеќе месо и јајца и спиеш 10 саати дневно. Едноставно нели?

Со оваа логика секој може да дојде до 100 килограми мускулна маса и 10% масно ткиво.

Затоа што воопшто не знаат што бараат во теретаната!

Ако ги тргнеме настрана оние кои теретаната ја посетуваат за да се раздвижат, можеме да кажеме дека повеќе од 90% од луѓето кои вежбаат за мускулна маса, напредокот после неколку месеци тренинг им стагнира. Причина е тоа што во првите неколку месеци се напредува што и да се прави, без разлика колку погрешно тренирате.

После година дена треба да се започне со кревање на многу поголеми тежини! Еве една табела за оние кои вежбаат за мускулна маса:

Дали некогаш сте ставиле двојно повеќе тежина на рамениците додека сте правеле чучњеви? Ако не сте правеле, да знаете дека многу боли. Ниту можеш да дишиш, ниту да размислуваш, а последната работа која сакаш да ја направиш е да се спуштиш со задникот до земјата и назад во почетната положба, само за да дознаеш дали можеш!

Но, тоа е чувството кое носи резултати во теретаната. Колку почесто го имате тоа чуство, толку подобри ќе бидат и резултатите.

Но има луѓе на кои тоа чувство не им е баш по ќефот. Токму поради таа причина луѓето прават вежби на фиксни справи. Не мора многу да се поти, да води сметка дали правилно го држи тегот, или да се води грижа дали тегот ќе му ја прекине егзистенцијата на оваа оланета.

Меѓутоа резултатите се многу помали. Познатите билдери кои велат дека машините се исти како и теговите, треба да ви кажат како го изградиле тоа тело како планина што го имаат. Можете да се обложите дека тоа било со бенч прес, вратило, разбој, мртви подигнувања и чучњеви.

За резултати во теретаната ви се потребни доста мртви животни во фрижидерот, а кокошките мора исконски да ве замразат.

Вистина е дека додатоците, најновите NO препарати можат многу да ви помогнат во изградбата на мускули, но никој не изградил мускули со шетање низ теретаната, па нема ни вие.

Потребни се многу солзи и пот! Фатете се за железа!

 

 

Tyxo.bg counter