Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ШТО ВИ ОДГОВАРА ПОВЕЌЕ: ОРЕВИ ИЛИ ЛЕШНИЦИ?

Од дата: 26-11-12 г.

Кои јаткасти плодови се најдобри за нашето здравје? Тие ни даваат енергија, со нив внесуваме многу витамини и минерали, со некои од нив може да изгубиме и вишок на килограми.

За намалување на холестеролот: ореви

Храната богата со ореви го намалува холестеролот во просек за 0,3 поени. Потребно ви е 30 гр дневно да јадете секој ден, еден месец за да осетите резултат.

Борбра против умор: индиски ореви

Индиските ореви имаат два пати повеќе железо од црвеното месо. А познато е дека недостаток на железо резултира и со недостаток на енергија.

Борба против настинки и вируси: кикирики

Масни протеини, влакна она што го содржат кикириките, ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот кој е важен за поголема отпорност на настинките.

За намалување на крвен притисок: фстаци

Фстаците содржат повеќе калиум од бананата. Тоа помага за исфрлање на вишокот на течности, а со тоа се намалкува и притисокот.

Соочување со дијабетес: бадеми

Богати се со влакна, јаглени хидрати и хранливи материи кои ги чистат келиите. Имаат голема количина на магнезиум кој исто така игра голема улога во регулација на нивото на шеќер во крвта.

За подобро здравје: лешници

Лешниците содржат мононезаситени масти кои се добри за срцето, извор се на голема количина на витамин Е. Освен тоа содржат: магнезиум, цинк, фолна киселина и биотин.

Tyxo.bg counter