Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Што да јадете после тренинг?

Од дата: 28-06-12 г.

После било каков физички тренинг, вашето тело е изложено на трошење на одредени залихи на енергија.  Затоа непосредно после тренингот потребно е да се обнови енергијата со одредена исхрана.

Во спротивно, вашето тело ќе ја исцрпи целата енергија од мускулните резерви и со тоа вашата мускулна маса потенцијално ќе се намали, а сигурно тоа не сакате да го постигнете. Истовремено, интензивниот и ефикасниот тренинг ќе ја исцрпи и неопходната количина на течности, па после и за време на тренингот е препорачливо да се пие големо количество вода.

За најлесно да ја надоместите потребната енергија, после тренинот внесувајте продуктите кои се богати со јагленихидрати, витамини и протеини.

Тоа се:

- Веднаш после тренинг: лажичка до две мед или сушено овошје (суво грозје, урми, банани и сл.). Овошјето, без разлика дали е цедено во вид на сок или е сушено, ќе ви го врати шекерот кој сте го изгубиле со што ќе добиете една мини порција со енергија која ќе го спречи катаболизмот се додека не стигнете дома и имате квалитетен оброк. 

Исто така, ако консумирате портокал, мандарина или лимон внесувате големо количество на витамин Ц кој особено ќе го освежи вашиот организам и ќе ја зголеми вашата отпорност.

- 20-30 минути после тренинг: Свеж зелен зеленчук, варено или поховано пилешко бело месо богато со протеини или јајца. Сите видови на супа или чорба, чијашто содржина е богата со протеини и витамини кои брзо ќе допрат до вашиот крвоток и ќе го нахранат.

Конзервите со туна се исто така квалитетен и многу важно - евтин извор на протеини. Практикувајте да го исфрлете големото количество на масло кое се наоѓа во конзервата.

Секако, не заборавајте која е вашата цел во тренингот. Ако сте тргнале на мускулна дефиниција, намалете го внесувањето на јаглехидрати и колку што можете повеќе исфрлете ги мастите од вашата исхрана! Воздржете се од брзата храна, пржени компири, мајонез, путер, чипс и сите други продукти кои содржат голем процент на масти.

Доколку вашата цел е ја подигнете вашата телесна тежина, слободно можете со порцијата варен стек или риба (протеини), да си сервирате и варен компир или ориз (јаглехидрати).

Tyxo.bg counter