100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ШТО СЕ ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА И КАКО ДА СЕ ИЗБЕРАТ ПРАВИЛНИ ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНА?

Од дата: 05-12-11 г.

За да избереш правилен додаток во исхраната, како прво мораш да го познаваш својот организам, каква исхрана конзумираш, што е она што му е потребно на твојот организам и што сакаш да го купиш и за што всушност би ти користело.

Додатокот во исхраната е храна со посебен состав и начин на произведување различен од вообичаената храна токму заради прехрамбените својства и намена. Тие се концентрирани извори на хранливи состојки и други материи со прехрамбена и физиолошка функција кои се внесуваат во организмот  се со цел да се подобри здравјето на конзументот.

Хранливите состојки во овие производи се: витамини и минерали, белковини, аминокиселини, масни киселини, целулоза, пивски квасец, инулин, лецитин, глукоманан, лековити билки и нивни концентрати, природни ензими и коензими, живи култури микрорганизми, органски ткива и други.

Додатоците во исхрана на пазарот можат да се најдат во облик на таблети, капсули, прашок, чаеви, капки, сирупи и други, додаека на декларацијата задолжително да пишува: додаток во исхраната.

Со темелни истражувања е утврдено дека диететската(здравата) исхрана заедно со додатоците заземаат значително место во превентивната исхрана, имено оној кој ја конзумира значително придонесува во зачувување и подобрување на неговото здравје.

Квалитетот на оваа исхрана и активните состојки кои ги содржи влијаат на целокупното здравје токму заради нивниот состав и намена. Сето тоа треба да е строго контролирано од Заводот за Здравствена Заштита според параметрите за одредена категорија на храна.

Tyxo.bg counter