Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Шуми ќе брка победи во 2011

Од дата: 15-12-10 г.

Михаел Шумахер вели дека очекува да победува на трки во 2011 година и покрај тоа што не успеа да оствари подиум во неговиот разочарувачки камбек во спортот со тимот на Мерцедес оваа сезона. Седумкратниот светски шампион губеше редовно на квалификациите од својот германски сонародник Нико Розберг, но сега очекува доброфинансираниот германски тим да биде во подобра позиција за 2011.

"Сигурно сме во подобра положба поради огромната поддршка од тимот на Мерцедес. Но, не можеме да претпоставуваме дека ќе се бориме за титулата. Ќе направиме голем чекор напред, и ако се оди како што треба, ќе победуваме", вели тој во интервју за Ауто Мотор Унд Спорт.

Шумахер додаде дека многу од проблемите кои ги имаше со болидот не беа проблем за Розберг и дека проблемите честопати не биле јасни за публиката.

"Имаше доста работи - мојот под беше изгорен поради жешкиот ауспух, или функционирањето на Ф-цевка системот на места каде што не требаше. Имаше доста проблеми, што е јасно бидејќи сме во процес на реструктуирање на тимот, но сакавме да одиме до титулата. Проблемите се случуваа само кај мене. Им кажав на Норберт Хауг и Рос Браун дека е време за објаснување", додава Шумахер.

Германецот заклучи дека главниот проблем за маките беше неговиот стил на возење, кој не одговараше на гумите на Бриџстоун, така што може да очекува повеќе во 2011 кога Ф1 се сели на гуми на Пирели.

"Преферирам за тоа да зборувам внатре во тимот, и сигурен сум дека во 2011 нема да имам такви проблеми. Овој болид за 2010 беше компромис и навистина не можев да возам како што посакувам", заврши Шуми.

Tyxo.bg counter