Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ШУНДОВСКИ: МАШКАТА ИГРА ОСТАНА НЕНАГРАДЕНА !

Од дата: 18-01-12 г.

Кормиларот на македонскиот национален тим, Звонко Шундовски, не го криеше разочарувањето откако храбрата и максимално пожртвувана игра на неговите избраници не донесе резултат на дуелот со Германија. „Црвено-жолтите“ уште еднаш одиграа крајно напорен меч на кој што беа на чекор до победата, но сега за разлика од дуелот со Шведска останаа без ниту еден бод. 

„Навистина штета, бидејќи машката игра што ја прикажавме во текот на сите 60 минути остана ненаградена со победа или барем со еден бод. Игравме максимално мотивирано, борбено и ангажирано, гиневме за секоја топка како што ветивме и дефинитивно заслуживме подобар резултат. Ако се направи анализа може да се закучи дека немавме среќа, бидејќи одигравме одлична одбрана, но многу одбиени топки завршија во нивни раце и потоа беа претворени во голови. Имавме шанса и да победиме, но во самиот финиш промашивме зицер и тоа е тоа“ - истакна Шундовски на прес-конференцијата по натпреварот.

Tyxo.bg counter