Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ѓоковиќ доминира во Мелбурн

Од дата: 21-01-12 г.

Само 74 минути и два загубени гејма му беа доволни на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ да го совлада Французинот Никола Мау и да обезбеди пласман во осминафиналето од првиот годинешен гренслем-турнир, Австралија опен (АО).

Со ова популарниот Ноле само ја продолжи доминацијата во Мелбурн, каде што досега на три меча на противниците им препушти само 10 гејма, а на теренот мина нешто повеќе од четири часа. Мора да се потенцира, сепак, дека неговиот последен противник играше повреден и во поголем дел од мечот дури и не се обидуваше да ги стигне ударите на Ѓоковиќ.

„Секоја чест на Мау, играше повреден, но не сакаше да се предаде. Без разлика на тоа, задоволен сум од досегашните игри. На теренот минав малку време, што значи дека ја чувам силата за решавачките дуели. Мислам дека играм во животна форма“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Неговиот сонародник Јанко Типсаревиќ загуби со максимални 0-3 во дуелот со францускиот тенисер Ришар Гаске, додека петтиот носител Давид Ферер (Шпанија) немаше проблеми со Аргентинецот Хуан Игнасио Чела.

Еден од најсериозните ривали на Ѓоковиќ на патот кон титулата, Британецот Енди Мареј, со само шест загубени гејма го згази ветеранот Николас Љодра, што беше негова 25. победа во последните 26 пресметки со француски тенисери. Негов следен ривал ќе биде Казахстанецот Михаил Кукушкин, кој во маратон од пет сета го совлада Гаел Монфис (Франција).

Кај дамите, Чешката Петра Квитова ги освои првите седум гејма во дуелот со Русинката Марија Кириленко, која по 6-0, 1-0 реши да се предаде. Нејзин следен ривал е српската убавица Ана Ивановиќ, која досега одлично игра на АО и која до осминафиналето дојде со триумф против Американката Вања Кинг со 6-4, 6-3.

 

Tyxo.bg counter