Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ѓоковиќ е најдобар балкански спортист за 2011

Од дата: 14-12-11 г.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше прогласен и за најдобар спортист на Балканот во традиционалниот избор на Бугарската новинска агенција (БТА).

Во изборот учестуваа десет агенции од балканските земји: БТА (Бугарија), Танјуг (Србија), ХИНА (Хрватска), АНА Мпа (Грција), Агерпрес (Романија), Срна и Фена (БиХ), Анадолу (Турција), Мина (Црна Гора), МИА (Македонија), Албпрес (Албанија).
Ѓоковиќ е втор тенисер во историјата со оваа награда. Пред него, двапати лауреат беше југословенската тенисерка Моника Селеш (1990, 1991).

1. Новак Ѓоковиќ (Србија)
2. Ивица Костелиќ (Хрватска)
3. Петар Стојчев (Бугарија)
4. Димитрис Дијамантидис (Грција)
5. Бланка Влашиќ (Хрватска)
6. Кубрат Пулев (Бугарија)
7. Иван Миљковиќ (Србија)
8. Илијас Илијадис (Грција)
9. Риза Кајалп (Турција)
10. Ана Бранза (Романија)

Tyxo.bg counter