Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

10.000 Македонци против 10.000 Срби

Од дата: 25-01-12 г.

Една луда комбинација кажува дека Македонија се уште има шанси да стигне до полуфиналето на Европското првенство во Србија. За да се оствари тоа, денеска Шведска треба да ја победи Данска, Полска да биде подобра од Германија за, ни помалку, ни повеќе, само за еден гол, а Македонија да ја совлада Србија во последниот меч на програмата (20.15 ч.).

Едно е сигурно: домашната селекција е првиот полуфиналист на ЕП и ништо чудно доколку го примени рецептот од последниот меч од првата фаза против Словачка, кога одмори неколкумина свои првотимци. 
Дали од психолошки или од спортски причини, Србија отсекогаш била еден од најнепријатните противници за нашите најдобри ракометари. Сепак, пред заминувањето од Скопје, Кире Лазаров беше убеден дека доколку на ова ЕП дојдеме до дуел со Србија, овој пат сигурно победуваме.

- Се уште стојам зад тоа, но само доколку бидеме комплетни. Имавме ден пауза, а кога сме поодморни, можеме да играме со секого - смета Лазаров, алудирајќи на повредите на Јоноски и Миркуловски.
Спектакл на трибините дефинитивно нема да изостане.

- Да се испробаме 10.000 Македонци против 10.000 Срби и да му покажеме на целиот свет како се игра ракомет во поранешна Југославија, како се навива и како се сака државата - додаде капитенот. 
Во досегашниот дел на првенството, Македонија рамноправно се носеше со сите ракометни велесили, но Србија, покрај таков статус, е и домаќин.
- Имаме публика, имаме игра и од никого не се плашиме. Ние ветивме дека на секој натпревар ќе одиме на победа и така и се однесуваме на терен - рече селекторот Звонко Шундовски.

Tyxo.bg counter