Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

15 минути вежбање дневно го продолжува животот за 3 години

Од дата: 10-07-12 г.

Вежбањето го продолжува животот. Ново тајванско истражување покажало дека се доволни само 15 минути вежбање дневно за да си го продолжите животот со 3 години.

За да стигнат до овој заклучок, истражувачите набљудувале 400 000 луѓе во периодот од 1996 до 2008 година. Според активноста, учесниците биле поделени во 5 групи: неактивни, малку активни, средно активни, многу активни и екстремно активни. Истражувачите го калкулирале ризикот од смрт за секоја група, во однос на неактивната група.

Дури и кај малку активните учесници кои вежбале по околу 15 минути дневно, шест дена неделно, бил забележан намален ризик од смрт, без разлика на нивната возраст, пол или ризикот од појава на срцеви болести.

Резултатите покажале дека редовното вежбање во кратки интервали го намалува ризикот од рана смрт со 14% и ризикот од рак со 10%. Секои дополнителни 15 минути вежбање дневно го намалуваат ризикот од рана смрт со 4% и од рак со 1%.

Физичката активност делува позитивно не само на надворешниот изглед, туку и на целосното здравје.

Tyxo.bg counter