100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

L КАРНИТИН – ЕФИКАСНО СРЕДСТВО ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Од дата: 14-05-13 г.

L – карнитинот е аминокиселина која се среќава во црвеното месо и која телото ја произведува сосема природно. Обично луѓето без метаболни проблеми не страдаат од дефицит на L – карнитин, бидејќи неговата природна синтеза е сосема доволна. Истражувањата покажуваат дека дури и строгите вегетеријанци не чувствуваат недостаток од аминокиселината. Телото има способност да се адаптира на L – карнитинот, па затоа само после неколку седмици ефектот на истиот намалува значително.

Спортистите и луѓето кои тренираат примаат дополнително L – карнитин, бидејќи помага за забрзување на метаболизмот и за согорување на повеќе масти. Основната улога на оваа аминокиселина е да служи како помошно средство за трансформирање на масните клетки во енергија, неопходна за телото. Освен за слабеење може да се користи за сила, издржливост и енергија.

Друго полезно дејство на аминокиселината е намалување на образувањето на млечна киселина во мускулите со што шансите за мускулна треска речиси исчезнуваат.

Tyxo.bg counter