100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Аминокиселини

Човечкиот организам е сложен систем кој е создаден од органски и неоргански молекули. Основна градива единица на молекулите се аминокиселините.

Аминокиселините се одговорни за азотниот баланс задолжен за зголемување на мускулна маса а при редуцирано хранење имаат изразен анаболен ефект.

Според потеклото постојат повеќе видови на аминокиселини:

 1. Млечни- направени се од калциев казеинат со ензимна обработка. Погодни се за прием во време на изградување на мускулна маса.

Направени се од лакталбумин и лактоглоболин. Карактеристично кај нив е високата содржина на БЦАА (аминокиселини со разгранета врска) и глутамин. Тие се многу добар избор и се погодни за користење во секој период од подготовките на атлетите.

2. Говедски-(од говедски црн дроб). Во говедскиот црн дроб содржан е добар аминокиселински профил кои придонесува за зголемување на силата и мускулната маса.

 3. Јајчени-имаат висока биолошка вредност и се погодни за ставање на мускулна маса.

 4. Соеви кои не се толку ефективни како предходните два.

 5. Комбинирани со исклучително висока вредност.

 6. Фармацевтски кои се направени по фармацевтски пат. Профилот им е според степенот на разградување на протеинската молекула и според  формата па според тоа се групирани по следните видови:

 - Аминокиселини со 100% слободна форма на кои усвојувањето им е максимално брзо и се наоѓаат исклучиво во капсули.Пр.Амино 2222 капс. на Optimum Nutrition се пример за тоа.

- Хидролизирани протеини-кои веднаш се претвораат во аминокиселини.

 -Протеин во таблети-пример за нив е Амино 2222 таб.на Optimum Nutrition каде има во секоја таблета по 2 гр. чист протеин.

Аминокиселините можат да се примаат преку:

 -таблети кои е најпопуларна форма за лесен и брз прием на аминокиселините.

 -капсули- се искористуваат аминокиселини во слободна форма, БЦАА , есенцијални и др.

 -течни - погодни се за користење пред и после тренинг. Нив исто така ги земаа луѓе со проблеми со хранопроводот.

 -аминокиселини во прав се тие кои што организмот најбрзо ги усвојува.


Друга група на аминокиселини се оние со изменет профил или со точно определен состав.

-БЦАА-Аминокиселини со разгранета верига се користат пред и после тренинг и имаат силен антикатаболен ефект.

-Аминоесенцијални-содржат само незаменливи аминокиселини. Внесувајќи ги со исхраната ја зголемуваат биолошката вредност. Тие се многу потребни при непотполно и еднообразно хранење. При земање на аминокиселини потребно е да внесувате неколку видови. Кога тренирате за маса треба да му ги осигурате на телото потребните калории-со гејнер и после земете аминокиселини. Пред тренинг најдобро е да се земаат аминокиселини со брзо дејство најдобро течни. Најдобри пред тренинг се БЦАА.

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter