Аронијата ( Aronia Melanocarpa) има мали топчести плодови, највеќе личи на боровинката а името Сибирска боровинка го добила поради две причини. Првата е дека во Северна Америка, во Сибир првпат успеала, а втората бидејќи таа е отпорна на многу ниски температури. Сибирската аронија расте на многу ниски температури и ладни зими до -45°C. Расте во облик на грмушка, ако има доволно простор може да достигне висина околу 2 метри.
Северноамериканските Индијанци ја користеле аронијата така што ги сушеле и мелеле плодовите и ги комбинирале со месо. Свежите плодови од аронијата ги користеле како лек за стомачни тегоби а чајот од листовите на аронијата го користеле за лекување на рани.
До скоро слабо позната, денеска аронијата може да се купи и во нашата земја, лесно се одгледува а заради незината изузетна лековита моќ се зборува дека аронијата е лек на иднината.
Аронијата во своите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданти (танини, флавоноиди, антоцијани, катехини) до таа мера да е помоќен антиоксидант од брусницата.
Заради тоа ја користат како превентива против малигни заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни материи и тешки метали. Од витамини содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите ги содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Освен тоа аронијата го содржи и многу реткиот овошен шеќер Сорбитол.
Лековитите својства на аронијата
Тешко е да се наведат сите лековити својства на аронијата, затоа што некое можеме да изоставиме ние ќе ги наведиме најпознатите: ја стимулира циркулацијата, ја прочистува крвта, ја олеснува главоболката и мигрената, го намалува покачениот крвен притисок, позитивно делува врз желудникот и цревата, запира дијареа, го подобрува имунитетот, го спречува развојот на вирусни и бактериски инфекци.
Посебно е нагласен незиниот корисен ефект на жолчката и црниот дроб, ги прочистува и му овозможува редовна работа на овие органи.
Важно е да се каже дека аронијата го регулира правилното функционирање на штитната жлезда, исто така ја регулира и работата на панкреасот и може да биде корисна во лечењето на дијабетисот.
The oxygen radical absorbance capacity (скратено ORAC во превод антиоксидантен капацитет) претставува единица за мерење на вредноста на антиоксидантите во храната.
По истражувањата кои беа извршени во Северните Американски Држави соопштено е дека во 100 грама здрели плодови аронија има 16.100 ORAC единици, а дневна доза е од 3.000 до 5.000 ORAC единици, неопходни за адекватна антиоксидантна заштита на човековите ткива и плазма. Поради тоа не само што ја спречува појавата од рак исто така помага во лечење на магинални заболувања со тоа што ги уништува целите за рак.
Аронијата уште и го забрзува зарастувањето на раните, го забавува стареењето на телото и на кожата, ги спречува брчките и штити од UV здрачењето.
Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :
Продавница “ Гладијатори 1“ Далматинска 8 Битола 047/241 588 071/309 454
Продавница “ Гладијатори 2 “ Васко Карангелевски 60-1/4 Битола 047/252 109 071/309 459
Продавница и Фитнес Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб Битола 047/242 499 071/309 652
Продавница “ Гладијатори 4 “ Ѓуро Ѓаковиќ 18/4 Скопје 02/60 90 440 072/274 259

