Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Аронија за енергија

Аронија бобинките се слични по големина на боровинки и се со темно виолетова боја. А делку познато е дека хранта со многу интензивна боја содржи исклучително високо ниво на биолошки активни соединенија, особено антоцијани и полифеноли. Ова му дава на аронијата исклучително висока антиоксидантска содржина.

Иако аронија е овошје со потекло од Америка , овие супер бобинки се моментално  далеку повеќе популарни во Европа, каде што сокот се употребува за да обезбеди голем број на здравствени придобивки. Научни студии на биолошките ефекти на аронијата покажаа многу позитивни резултати, вклучувајќи заштита од кардиоваскуларни болести и хипертензија, рак, воспаление, дијабетес и невродегенеративни болести поврзани со стареењето. 

Аронијата го привлече интересот кај научниците поради нивната интензивна сино-црна боја. Во принцип, потемните овоштија, кои се длабоко обоени со сина и црвена боја содржат повисоки нивоа на антиоксиданси.

Вашата дневна доза "се бори за пет" порции на овошје и зеленчук може да биде во голема мера остварува само со мало шишенце  сок од аронија кое е доволно да се конзумира  три до пет пати секоја недела и многуте бенефиции ќе влијаат благотворно (антиоксиданси, може да понуди помалку вкочанетост на зглобовите, и заштита од разни болести како што се рак, срцеви заболувања, хипертензија, дијабетес и хиперхолестеролемија). Доколку имате соковник слободно направете си освежителен сок од аронија, меѓутоа таа е потребна на било и кој начин да се употреби во вашата исхрана. Доколку пиете сок од аронија 15минути пред тренинг можете да уживате во големата доза на енергија која ке ви ја обезбеди во текот на тренингот. Вреди да се проба.

Tyxo.bg counter