Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ацерола

Витаминот Ц е неопходен за подобрување на имунитетот, посебно во зимскиот период од годината, кога сме подложни на настинки и грип. Особено е корисен кај онаа популација што е поподложна на настинки и грип, а тоа се децата, бремените жени и постарите лица.

Зголемена потреба од витаминот Ц има и при покачена телесна температура, заразни болести, склоност кон крвавење, хемодијализа, железо-дефицитна анемија, рани и изгореници што бавно заздравуваат, еднолична исхрана, особено во пролет и во зима, замор и при диетална исхрана сиромашна со витамин Ц. Витаминот Ц е неопходна состојка што учествува во голем број процеси во организмот. Тој не може да се создаде во нашето тело и затоа човекот мора да го внесува преку исхраната или преку суплементите во најразличен облик, како што е новиот производ на „Алкалоид“- „ацерола- таблетите за џвакање“.

Ацерола (Malphighia glabra) е овошно дрво кое расте до пет метри висина и дава плодови во вид на светлоцрвени цреши. Таа е позната и како индијанско црешово дрво. Узреаните овошја се сочни и меки и имаат пријатен остар вкус. Природно расте во Северна, Јужна Америка, Барбадос и Јамајка.

Ацерола е еден од најбогатите природни извори на витамин Ц. Најновите клинички истражувања покажуваат дека оваа цреша содржи осум пати повеќе витамин Ц од портокалот. Овој витамин бавно се разградува во организмот бидејки е во ретардна форма што овозможува долготрајно снабдување на организмот со потребните дози на витамин Ц. Ацеролата исто така содржи два пати повеќе магнезиум, пантотенска киселина и потасиум од портокалот. Исто така содржи и витамин А (408-1000 ИУ во 100 грама), тиамин, рибофлавин и ниацин.

Начин на употреба:

Екстрактот од Ацерола во вид на таблети се употребува против настинки, грип, воспаленија, како стимуланс за црниот дроб, диуретик, ја подржува работата на срцето и помага во оздравувањето на раните. Се користи исто така и за анемија, дијабетес, висок холестерол, проблеми со црниот дроб, ревматизам, туберкулоза, надворешни рани, отоци и помага за зајакнување на имуниот систем и генералното закрепнување на организмот.
Употребата на Ацерола главно се базира на нејзината висока концентрација на витамин Ц, кој што во алтернативната медицина се користи како моќен антиоксидант.
Ацерола исто така содржи минерални соли кои помагаат во ревитализирањето на уморната и стресна кожа, го забавува стареењето на клетките, ги одржува капиларите и содржи протеини кои ја хидрираат кожата.
 
Главни функции и употреба:
 
- Антиоксидантна - има природна висока концентрација на витамин Ц и се бори против слободните радикали;
- За грипови и настинки, кашлица и воспалено грло - го јакне имунолошкиот систем;
- За хранење и нега на кожата - го забавува и нејзиното стареење поради нејзината богата витаминска содржина;
- Како кардиотоник - го зајакнува срцето и го одржува во здрава состојба;
- Има антивоспалителни и антигабични ефекти;
- Има диуретични способности и се користи против дизентерија, треска и дијареа;
- Го намалува високото ниво на холестерол и триглицериди во крвта;
- Генерално го подобрува и го одржува во оптимална функција здравјето на целиот организам.
 
- Се употребува како додаток во исхраната, се земаат 1-2 капсули дневно.
Tyxo.bg counter