100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Босилек за чувствителен стомак

Латинското име на растението е Ocimum basilicum. Босилекот е годишно растение, кое достигнува висина и до 2-3 метри, и растение кое бара благородна почва и области изложени на многу сонце.

Во минатото луѓето сметале дека растението штити од негативни мисли и дека го намалува стресот. Се користел и во ритуали за прочистување, богатство и благосостојба. Едно од суеверијата е дека попрскувањето со босилек на партнерот додека тој спие, ќе ги отстрани помислите за изневерување.

Босилекот може да помогне во лечењето на стомачни грчеви, повраќање, треска, настинка, грип, главоболка, магарешка кашлица и болни менструации. Билката се користи и за намалување на стомачните киселини, што го прави корисен зачин за луѓето со осетлив стомак.



При надворешна употреба може да се користи за олеснување на јадежот од убоди и плускавци од инсекти. Маслото извадено од лисјата на босилекот ги отстранува акните и ја намалува нивната појава, како и појавата на кожните воспаленија.

Секој дел од растението, листовите, семињата, боите и етерични масла имаат лековити својства.

Етеричните масла се со антибактериско дејство против Staphylococcus aureus, Salmonella enteritidis и Escherichia coli, антисептично дејство против Proteus vulgaris, Bacillus subtilis и Salmonella paratyphi и противгабично за Candida albicans, Penicillium notatum и Microsporeum gyseum.

Билка може да се користи и како мелем за подмачкувањето на градите на родилките со цел стимулирање на мајчиното млеко.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional