Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Валеријана за подобар сон

На сите нас ни се случува да во одреден временски период страдаме од несоница, па дури и да легнете на време се случува да се вртиме на едната па на другата страна, но до утрото да не успееме да заспиеме. Спиењето е многу важно за здравјето, но исто така е важно за одморот, ни помага да се одмориме физички и психички, а утредента не можеме да функционираме.

Еден од природните лекови за несоница е валеријана, името го добила од латинскиот збор "Valere", што значи да се биде силен и здрав. По потекло од Европа и Азија, може да има бели или розови цвеќиња, кои се со многу јак мирис. Луѓето од Европа и Азија ја користат уште во 16 век. Истражувањата покажаа дека киселина од валеријаната имаат корисен ефект на центрите за релаксирање  и тоа помага да се опуштиме и да заспиеме. Фармаколошките својства на валеријаната не се наоѓаат дури ни во цутот, ни во цветот, него во коренот на валеријана. Покрај тоа што е добра за несоницата, валеријаната е исто така добра против напнаост и главоболки.

Водете сметка-валеријаната не се препорачува за деца под дванаесет години, па ако имаат класични симптоми на несоница, немојте да му давате валеријана или нешто друго, на своја рака.

Ако мислите дека несоница е само кога не можете да заспиете, не сте во право, несоница може да се нарече и немирен сон и будењето неколку пати во текот на ноќта, ако се повтори од ноќ во ноќ, ако се случи една или две ноќи да ви се тешки без сон, причината можат да бидат различни нешта, вклучувајќи ги временските услови, но тоа не е класична несоница. На несоницата може да влијаат алкохолот, пушењето, некои лекови, недостаток на физичка активност, бучава, пиење премногу кафе, кока кола и слатки пред спиење, а кај жените може да се случи за време на бременоста и менопаузата. Не е важно што ја предизвика, несоницата не спречува да ги извршиме нормалните дневни активности.

Ако страдате од несоница, еден час пред да легнете, напијте се чај од валеријана. Можете да се опуштите, да се смирите и да си обезбедите квалитетно спиење. Она што е добро со валеријана е дека, во однос на седативите кои сите ги земаат кога имаат проблеми со спиењето, или апчињата за спиење по што се чувствуваме поспани, не постои ризик од несакани ефекти и зависност.

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

 

Tyxo.bg counter