Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Вежби за раце (Бицепс)

Зајакнувањето на Бицепсот и трицепсот започнува со добро поставено тело. Вежбите можат да се прават со седење и стоење. Посебно внимание треба да се посвети доколку одлучете да стоите. Телото треба да биде убаво исправено (градите напред, задникот наназад) и малку свиткани колена за да не се оптерети половината. Повеќето луѓе преферираат овие вежби да ги прават исправено. За да се спречи нишање на теговите за време на вежбата, нозете треба да ви се на растојание паралелно со рамењата.

1. Превиткување на еднорачни тегови. Застанете исправено, земете по еден тег во рацете и почнете една по една рака да ја превиткувате нагоре. Движењто на тегот треба да го прави бицепсот без никакво нишање на телото. За време на превиткувањето треба да се движи само делот од раката под лактото; делот од рамото до лактото треба да биде статичен и паралелен со телото. Направете 3 серии со 12, 10 и 8 повторувања.

Бицепс вежба со еднорачни тегови

2. Превиткување со шипка (права или крива). Оваа вежба е тотално иста како и превиткувањето со еднорачните тегови. Разликата е што шипката истовремено ги активриа двете раце, а и тежината на крајот од шипката.

Бицепс вежба со шипка

3. Превиткување на еднорачни тегови како чекан. Повторно, позицијата на телото е иста, движењето на рацете е исто како и претходно, само што наместо хризонтално, теговите се креваат вертикално.

Бицепс вежба со еднорачни тегови во чекан-движење

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional