Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Вити без диета

* "Јадете" го сокот од портокал

Јадењето портокал наместо пиењето чаша сок е одличен начин да ги намалите калориите, а растителните влакна во целиот плод повеќе ќе ве исполнат. Една голема чаша свеж сок од портокал содржи околу 120 калории, но ако наместо тоа изедете еден портокал (60 калории), ќе заштедите калории и плус ќе добиете двапати повеќе од препорачаното дневно количество на витамин Ц.

* Јаглените хидрати јадете ги порано во денот

Јаглените хидрати полесно ќе ги сварите наутро отколку навечер. Тие ќе ви послужат како гориво за дневните активности и нема да бидат складирани како сало, што најверојатно ќе се случи ако ги јадете навечер.

* Пијте зелен чај

Пиењето зелен чај двапати на ден може да ви помогне да согорите 70 калории повеќе секој ден - тоа е доволно да ослабите 3 кг годишно! Катехините (антиоксиданти) и други флавоноиди во зелениот чај го засилуваат метаболизмот. Освен тоа, зелениот чај би можел да помогне во спречувањето рак и срцеви болести.

* Пијте многу вода 

Многу луѓе ја мешаат гладта со жед. Ако не препознавате дека сте жедни, ќе помислите дека сте гладни, па ќе јадете наместо да пиете. Ако ве жежи стомакот, добра идеја е да се напиете чаша вода и да почекате 10 минути за да видите дали навистина сте гладни.

* Јадете овошје пред оброците

Една студија покажува дека жените што јадат по едно јаболкце или крувче пред секој оброк слабеат повеќе од жените што го прескокнуваат овошјето а ја следат истата диета со помалку калории. Овошјето е полно со растителни влакна, па јадењето овошје пред оброк значи дека оброците ќе ви бидат помали и дека помалку ќе грицкате меѓу нив.

* Јадете супа за ручек

Супата е одлична за кастрење на калориите бидејќи ве задоволува. Луѓето што јадат супа за ручек внесуваат помалку калории од луѓето со полна чинија турлитава или ѓувеч и чаша вода, дури иако двете јадења ги содржат истите состојки. Тие што јадат супа отпосле се чувстуваат исто толку полни.

* Јадете француски - полека

Седнете и не брзајте со јадењето - тоа ќе ви помогне да се чувстувате полни. Споредбата на француската и американската стапка на згоеност укажува дека една од причините што Французите помалку се гојат е тоа што трошат повеќе време на оброкот. Тоа му дозволува на стомакот да регистрира дека се полни и тоа го намалува вашиот апетит. Пробајте да ја спуштите вилушката меѓу залаци, потпивнете по малку вода по секој залак и темелно изџвакајте ја храната пред да ја голтнете. 

* Пијте газирана вода со оброците

Некои ја избегнуваат газираната кисела вода затоа што ги надувува, но тоа е грешка. Една чаша газирана вода на ден може да ги отстрани проблемите како слабото варење и запекот, како што поакжуваат и разни студии. Експертите веруваат дека штом меурчињата ќе го допрат вашиот јазик, преку нервите во устата праќаат пораки до стомакот, што пак го активира системот за варење. Ако вашиот систем е здрав, ќе се чувствувате многу потенки и помалку надуени.

* Помала чинија

Сервирајте си ја храната во помала чинија, нпр. чинија за салата наместо за вечера. Студиите велат дека луѓето се склони да ги празнат чиниите кога јадат, без оглед на тоа за колку калории се работи. Но со јадењето од помала чинија ќе се чувствувате како да сте изеле полн оброк, а не сте јаделе толку многу.

* Чаша студена вода пред легнување

Според една нова студија, со голема чаша студена вода (500 мл) можете да го забрзате метаболизмот за 30%. Ова е поради процесот познат како термогенеза - брзината со која телото ги согорува калориите за варење. Вашето тело ја загрева студената вода, трошејќи калории - околу 24 на 500 мл вода.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional