Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Грејпфрут-пријател на срцето

Половина грејпфрут ја обезбедува дневната потреба на витамин Ц и е добар извор на влакна и витамин А. Овај освежувачки и сочен плод на грејпфрут има додадена вредност поради тоа што создава чувство на ситост , а за возврат има многу малку калории.

Грејпфрутот помага во губење на тежината, а научниците веруваат дека овој ефект на сокот од грејпфрут е во однос на неговиот ефект да го намали нивото на инсулин во крвта. Инсулинот се користи во метаболизмот на шеќер, како што шеќер се метаболизира поефикасно поголема е веројатноста да се складира како масни резерви во телото.
Грејпфрут, особено црвениот грејпфрут може да помогне во намалување на холестеролот, според една нова студија. Според последните истражувања, антиоксидансите може да имаат некои позитивен ефект, но овој позитивен ефект не е најважен.

Испитаниците биле поделени во три групи за кои се користеле диета со намалени масти и намалени  калории, првата група   секојдневно  конзумирала црвен грејпфрут, другата жолт, а третата била само на диета. Групата која користела најмногу црвен грејпфрут најмногу го намалила  ЛДЛ-холестеролот, после следувала група која конзумирала обичен грејпфрут  и на крајот била група која има била само  на специјална диета. 

Во групата, кој го конзумирала црвениот грејпфрут се намалило и нивото на триглицериди во крвта, додека нивоа  на другите две групи не се промениле значајно.

Црвениот грејпфрут има повеќе антиоксиданси од обичниот грејпфрут, па можеби  ова е причината за  поволен ефект врз  триглицеридите.  Препораката на овој истражувачки тим е дека луѓето кои страдаат од висок холестерол во крвта треба да вклучат во дневната исхрана грејпфрут, подобро црвен ако е можно. Пред почетокот на редовното внесување на грејпфрут се уште е потребна консултација со лекар, бидејќи сок од грејпфрут е во  интеракција со некои лекови како што се лекови за намалување на нивото на холестерол во крвта, некои лекови за намалување на крвниот притисок, срцевата фреквенција, антидепресиви, и лекови против анксиозност.

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

 

Tyxo.bg counter