Шварценегер кој наскоро ќе наполни 60 год, ги покажува последиците од својот живот како филмска ѕвезда, спортист и бодибилдер.
Времето го брка Арнолд кое и го достигнува.Калифорнија е сведок на еден значаен момент, а тоа е деконструкцијата на едно од најпознатите тела во светот. На возраст од 15 год Арнолд почна да се трансформира во симбол на физичкото совршенство. Денес неколку месеци пред неговиот 60 ти роденден снимен е во болнички кревет. Поради сегашната своја состојба со причина и доза на иронија се нарече самиот себеси вистински ,,болнички,, човек, кој има вештачки колк, обновени срцеви залистоци, хируршки обновено рамо.
Можеби поголем удар за неговото его се и најновите слики од Малибу, сликан во костум за капење, опаднати гради и пробелена коса.

