Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Диета на "Обединетите нации"

Целта на диетата е покрај намалување на килограмите, да воведе промена на метаболизмот во организмот со што се гарантира дека изгубените килограми нема да се вратат. Диетата трае 90 дена ие 18-25 килограми. Ако е потребно са се намалат помалце килограми, може да се прекине но, но нема да дојде до  промена на метаболизмот.

Појадок

Се јаде овошје во текот на сите 90 дена. Се јаде во пар-секогаш  2 јаболка, 2 круши, 2 портокали, банани не или пак грст ситно овошје. Диетата секогаш почнува со протеинскиот ден и после овошниот ден повторно се оди на протеинскиот ден.

1. ден-Протеински ден

Ручек-Варено или печено месо во количина еднаква на три хотелски шницли; едно парче леб, салата во неограничени количини и на крај се пие една шоља на супа без фиде. Наместо може да се изедат 3 варени или печени јајца. Млеко и сирење мож да се јадат само овај ден.

Вечера-Исто како и за ручекот , само без супа. Треба да се води сметка ако за ручек се јадело месо, тогаш за вечера да се јаде месо, ако се јаделе јајца и за вечера-јајца. Ако се јаде сирење, јајцата или месото се намалуваат за количеството на сирење што се јаде.

2. Ден-Скробен ден

Ручек-Грев, грашок, ориз, компир, задолжително варен со додаток на зачин; парче леб и салата.

Вечера-Исто како и ручекот само во помала количина.

3. Ден-Јагленохидрати ден

Ручек –Варено тесто со додаток на зачини( шпагети или пица со кечап )

Вечера –Две помали парчина торта или 3-4 слатки или 3 топки на сладолед  и едно чоколадо за готвење.

4. Ден-Овошен ден

Ручек и вечера –Се јаде само овошје

-Три пати за време на диетата (еднаш месечно ) треба да се држи воден ден, кој секогаш доаѓа после овошниот ден, а по него се продолжува со протеинскиот ден.

-Кафе и чај може да сепие во ограничени количини, но без шеќер.

-По завршувањето на диетата се јаде нормално, со тоа што овошјето останува за појадок уште 90 дена.

-Ако во наредните 3 месеци од завршувањето на диетата се изгубат уште 3 кг. значи дошло до промена на метаболизмот. Ако не се изгубат диетата треба да се повтори. Диетата може да се повтори ако е потребно да се намалат уште килограми , дури после 3 месеци.

-Оваа диета не е штетна! Количината на храна е поголема од онаа што секојдневно ја внесуваме, но и покрај тоа се губат килограми. Не треба да се губи надеж и воља, бидејќи се случува и по 10 дена тежината да не опаѓа, но потоа доаѓа до нагло намалување од 3-4 килограм.

 -Ако понекогаш се пие сок пожелно е да биде негазиран него чисто природен.

-Ништо не смее да се прескокнува, секој продукт има своја намена и организмот не смее да остане без него.

- Не е вообичаено да да јадете овошје за појадок, но организмот прво ќе го искористи интегралниот шеќер  од него кој го храни крвниот систем, додека пак чоколадото ги спречува алергиите кои се присутни баш кога се држат диети.

-Пожелно е на половина на диетата да се контролира крвниот притисок и крвната слика.

-Сите што ја држеле оваа диета изгубиле најмалку 10 кг. без никакви  здравствени проблеми.

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

 

 

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional