Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Дијабетис и здрава храна

Здравата, балансирана исхрана и поголемата физичка активност може да Ви помогне да го контролирате вашиот дијабетис.

Што е Дијабетис?

Дијабетисот е болест што се развива кога организмот не може правилно да одговори на гликозата. Како резултат на тоа луѓето со дијабетис може да имаат абнормално високи нивоа на гликоза во крвта, ако состојбата не се контролира. Болеста се развива кога се уништуваат ќелиите во панкреасот кои произведуваат инсулин.

 

Инсулинот е хормон кој што го регулира нивото на гликоза во крвта. Луѓето што имаат дијабетис може да имаат нормален здрав живот. Меѓутоа слабо контролираниот дијабетис може да доведе до компликации како што се срцеви заболувања, заболувања на бубрезите, слепило, нервни заболувања и др.

 

Дали дијабетисот може да се спречи?

 

Здравата и балансирана исхрана, регуларната физичка активност може да доведе до спречување на оваа појава.

 

Каква храна треба да јадат дијабетичарите?

 

Луѓето со дијабетис треба да ја одржуваат телесната тежина и да конзумираат одреден вид на храна:

 

  • храна сиромашна со масти (посебно со заситени масти),
  • со малку шеќер,
  • со малку сол,
  • богата со овошје и зеленчук (најмалку 5 порции дневно),
  • богата со сложени јаглени хидрати (скробна храна-житарки, пожелно од цели зрна).

 

Генерално луѓето со дијабетис, нема потреба целосно да го исфрлат шеќерот од исхраната, но треба да конзумираат мали порции храна богати со шеќер и масти. Организмот на секој човек е подложен на ова заболување. Како превентива нашата исхрана треба да е природна и здрава и да изобилува со јаглени хидрати, витамини и минерали. Во палетата на производи во продавниците на Гладијатори 1, Гладијатори 2 можете да одберете широк асортиман од Фирмите на Universal Nutrition, Optimum Nutrition, Big Zone, Pump FOOD, Виталија, исто така житарките (‘ржани, овесни, пченични, јачменови) како дел од производи кои го регулираат дијабетисот можете да ги најдете по доста поволни цени на килограм (рефус) и на тој начин да се снабдите со производи кои се добар предуслов против ова заболување, дoдека во Гладијатори 3 - Фитнес центар, стручните лица ќе ве насочат како да се тренира, затоа што и спортот е дел од заштита против оваа болест.

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional