100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Добрите страни на лубеницата

Загризот на сочно парче лубеница додека сокот полека се растекува по лицето е една од првите асоцијации на летото. Покрај тоа, ова вкусно овошје носи и бројни бенефити за здравјето.

Одлична хранлива вредност

Дури 92% од лубеницата е вода, има премалку диетални влакна, масти и протеини за да се споменат, но остатокот им припаѓа на многу витамини и минерали. Само едно парче од 150 грама содржи дури 25% од дневната потребна количина на витамин Ц, 10% од потребите за витамин А, калиум и помали количини на калциум, железо и витамини од Б комплексот.

 

Помага во намалувањето на килограмите

Истото парче содржи само 46 калории, правејќи ја одличен избор за ужина или десерт за оние кои се обидуваат да симнат некој килограм.

 

Го зајакнува имунитетот

Витаминот Ц го стимулира создавањето на белите крвни зрнца и со тоа го зајакнува имунитетот. За жал, овој витамин не може да се складира во организмот и затоа е препорачливо секој ден да се внесува, така што честото консумирање лубеница е пожелно.

Го подобрува изгледот на кожата

Водата и големата количина витамини и антиоксиданси во лубеницата ги неутрализираат слободните радикали, помагаат во хидратацијата на кожата и го спречуваат нејзиното оштетување.

 

Го регулира крвниот притисок

Високата концентрација на амино киселината цитрулин во лубеницата придонесува за опуштање на крвните садови, а со тоа и за подобар проток на крвта низ целото тело.

 

Заштита од болести

Антиоксиднасот ликопен го спречува оштетувањето на здравите клетки во организмот причинети од метаболичките процеси и стареењето. Поради тоа се поврзува со заштита од кардиоваскуларни заболувања и одредени видови на рак.

Tyxo.bg counter