Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Домашен алтернативен тренинг за ладните денови од зимата

За да направите тренинг за целото тело, не ви се потребни кој знаe какви справи и часови поминати во теретана. Во текот на зимата многумина се одрекуваат од тренинг во теретана или на отворено заради ладните температури, но доколку навистина немате услови, сè што ви е потребно за алтернативен тренинг во домашни услови се два еднорачни тегови и малку простор.

Доколку сте во постојана трка со времето, максимално искористете ја секоја секунда од тренингот- правете го дома или во теретана. Оваа едноставна тренинг рутина со тегови ја измисли тренерот Партик Стриет, сопственик на Force Fitness and Performance центарот, а може да ви послужи како алтернативен тренинг за оние денови кога не можете да имате комплетен тренинг во теретана поради најразлични услови.

Како се изведува

Повторете го кругот четири пати. Во првиот круг изведете 12 повторувања за секоја вежба, во вториот 10, во третиот 8 и во четвртиот 6. Одморот помеѓу круговите и тежината на теговите прилагодете ги според вашето искуство и формата на телото.

1. Мртво дигање на рамна нога

Поставете ги стапалата во ширина на колковите, благо свиткајте ги колената и земете ги теговите со натфат и држете ги пред подколеницата. Свиткајте се и спуштете го телото сè додека не биде паралелно со подот. Застанете за момент па подигнете се во почетната положба.

2. Чучањ-потисок на рамена

Застанете исправено, поставете ги стапалата во ширина на рамената и држете ги теговите над рамената. Изведете чучањ така што вашата натколеница дојде паралелна со подот. Исправете се и истовремено потиснете ги теговите над главата. Потоа спушете ги назад до рамената.

3. Веслање во претклон

Земете во секоја рака тег, свиткајте се со колената па спуштете го телото сè додека не биде паралелно со подот. Свиткајте ги лактите и привлечете ги теговите до телото. Застанете за момент па полека спуштете ги во почетна положба.

4. Чучањ - зафрлање на нозете - скок

Застанете исправено и земете тегови во секоја рака. Изведете чучањ па зафрлете ги нозеде наназад во положба на склек. Брзо вратете ги нозете во положба на склек, исправете се и скокнете.

 


 


 

 


 

 


 

 

Tyxo.bg counter