Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Еве зошто е добро да јадеме јаболка секој ден

Јаболката се богати со растителни влакна и бараат доста џвакање, што не е случај со останатите намирници, па на организмот му пружаат прилика да се запре кога е сит. Ова овошје е идеална ужинка која го одржува крвниот притисок и шеќерот под контрола.

 

Децата чии мајки во бременоста јаделе по едно јаболко дневно, имале помали шанси за заболување од астма. Британските научници откриле дека ова овошје ги штити и белите дробови на возрасните од разни респираторни инфекции, но и од рак.

Благодарение на полифенолите, јаболката имаат моќ да го намалат лошиот холестерол во крвта. За максимален ефект јаболкото јадете го со кора доколку не е прскано, бидејќи истата има шест пати посилно антиоксидативо дејство.

Италијанските научници објавија дека неколку компоненти на јаболкото, кога го јадете цело, влијае на клетките, зголемувајќи ја нивната отпорност. Луѓето кои консумираат и повеќе од едно јаболко на ден го намалуваат ризикот од заболување од рак.

Со тоа што при нивната консумација се зголемува производството на ацетилхолин, супстанците кои праќаат пораки помеѓу нервните клетки, јаболката позитивно делуваат на помнењето. Исто така, научниците откриле дека ова овошје го намалува и ризикот од Алцхајмерова болест.

Tyxo.bg counter