Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ехинацеа - за имунитет

Билката Ехинацеа денеска спаѓа во најпопуларните билки за зајакнување на имунитетот, спречување и ублажување на настинка и грип и слични заболувања.  Ехинацеата е “чудесен лек“  северноамериканските индијанци, во тоа време го користеле како лек за каснување од змија.

Современата медицина почнала да ја употребува ехинацејата во 1887 год, па по аптеките може да се купат разни производи на база на оваа билка и тоа во облик на чај, тинктура, гел, таблети. Од тогаш најчесто се користи како природно средство за зајакнување на имунитетот, има против воспалително дејство и го спречува понатамошното ширење на бактерии.  Затоа се препорачува во текот на зимата како добра превенција против грип. Доколку ехинацејата се употребува во комбинација со Ц витамин, научните испитувања покажаја дека ја намалува можноста за настинка дури до 85%.

Поради тоа оваа билка е корисна и како лек за кожни болести како што се акни, исто и против убод од инсекти. Интересно е да се каже и дека билката ехинацеа го потикнува производството на белите крвни зрнца па можи да поможи после хемотерапија и на особите оболени од леукопенија ( намалени бели крвни зрнца). Корисна е и за лечење на хронични инфекциски воспаленија ( посебно воспаленија на мочниот меур и дишните патишта). Поради тоа што го зајанува имунитетот се препорачува за особи кои се склони кон чести настинки.

Сепак важно е да се знае дека билката ехинацеа е наменета за кратки и интензивни терапи и не смее да се користи подолго од 2 месеци. Кога се дневните дози во прашање треба да се придржавате на пропишаното упатство за употреба.

Ехинацеата не смее да се употребува за лечење на автоимуни болести како што се Хашимото тироидитис, мултиплекс склероза, СИДА, заради тоа што ќе го забрза размножувањето на вирусите и ке ја влоши состојбата на пациентот. Исто така не се препорачува и на пациенти со висока телесна температура.

Од сето ова може да се заклучи дека билката ехинацеа е најкорисна како превентивно средство за имунитетот (подобрување на имунитетот), а се знае дека болеста е подобро да ја спречите наместо да ја лечите. Секако не треба да го “ зајакнувате имунитетот“ без потреба, пред да се одлучите за оваа врста на терапија бидете сигурни дека имунитетот ви е стварно лош.  

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional