Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

За што сè може да ви послужи талогот од кафето?

Доколку уживате во вкусот на турското кафе, сигурно се соочувате со голема количина на талог кој ви останува во шолјата. Но, доколку сте мислеле дека мора да го фрлате, се лажете. Талогот од кафето може да го искористите на неколку корисни начини:

Пилинг

Измешајте го талогот од кафе со мед за да направите пилинг кој може да го користите за тело и лице и кој на вашата кожа ќе и’ пружи прекрасен сјај. Исто така, овој пилинг е одличен за отстранување на целулитот!

Маска за коса

Оваа маска е многу едноставна. Втријте талог во темето и оставете го да постои одредено време. Русокосите би требало да ја избeгнуваат оваа намена, но на останатите после третманот косата ќе им биде сјајна и еластична.

Ѓубриво

Талогот од кафе помешан со вода е одличен начин за дохранување на земјата на вашите саксиски цвеќиња.

Освежувач

Ставете талог од кафе во мал сад во дел од станот од кој сакате да ја отстраните непријатната миризба, како онаа од фрижидерот или од кантата за ѓубре.

Средство за чистење

Доколку садовите ви се многу извалкани, талогот од кафе ќе го реши вашиот проблем. Истријте ги садовите кои сакате да ги исчистите со талогот, но внимавате да не ја впијат бојата.

Исто така, доколку сакате да му дадете нов сјај на вашиот дрвен мебел, измешајте го талогот со вода, премачкајте ги дрвените делови на мебелот и оставете да дејствува неколку минути па потоа избришете го со чиста крпа.

Средство против убоди од инсекти

Истријте ги со талог местата на телото кои сакате да ги заштитите од убоди од инсекти бидејќи нив ги одбива силниот мирис на кафе.

 


Tyxo.bg counter