Тиквите не претставуваат само страшна декорација за Ноќта на вештерките, вели Виенскиот професор Хадерман Банкофер, туку играат голема улога и во нашето здравје.
Тиквата ја поттикнува работата на цревата, ги зајакнува нервите и при тоа има и малку калории. Освен тоа една шведска студија покажа дека самиот мирис на варена тиква ја поттикнува половата активност на мажите и жените.
Банкофер ја препорачува тиквата, бидејќи го намалува нивото на холестеролот, помага да се излекуваат некои проблеми со кожата и ги зајакнува дишните патишта благодарејќи на скапоцените супстанци во овошното месо, како што се растителните материи, ензимите, каротенот, витаминот С и Е.
Во зелените семки на тиквата се наоѓаат многу интересни супстанци. Уште пред подолго време е утврдено колку за мажите е важно грицкањето на семки од тиква. Тие може да го спречат зголемувањето на простатата, а можат и да ја спречат поврзаноста со нагласената инконтиненција.
Долго време не се знаело дека семките од тиква и за жените се многу корисни за нивното здравје. Имено, супстанците во семките на тиквата ја зајакнуваат бешиката и за тоа може да се користат против иритирана бешика и во превенцијата од појавата на уринарна инконтиненција.
За да има здравствен ефект јадењето на семки од тиква, према Bankhofer треба да се јаде секој ден по една до две раце – т.е. околу 10 до 15 грама. Најдобро јадете ги наутро и навечер и добро џвакајте ги. Кога купувате тиква, обрнете внимание кората да е неоштетена и тиквата да е мала, бидејќи малечките тикви имаат повеќе биоматерии.
Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :
Продавница “ Гладијатори 1“ Далматинска 8 Битола 047/241 588 071/309 454
Продавница “ Гладијатори 2 “ Васко Карангелевски 60-1/4 Битола 047/252 109 071/309 459
Продавница и Фитнес Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб Битола 047/242 499 071/309 652
Продавница “ Гладијатори 4 “ Ѓуро Ѓаковиќ 18/4 Скопје 02/60 90 440 072/274 259

