Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Здравје од чиниите на предците

НАЧИНОТ на исхраната во која се внесува помалку јаглени хидрати, а повеќе масти од официјалните здравствени насоки – LCHF исхраната, веќе со години во светот има свои поддржувачи, а во последно време и кај нас. Заговорниците ја препорачуваат како начин на слабеење и алат за намалување на притисокот од панкреасот (посебно за лица кои имаат инсулинска резистенција). Од друга страна, многу нутриционисти се сомневаат во здравствената исправност на ваквата исхрана, посебно бидејќи LCHF или палео исхраната ги доведува во прашање тезите дека холестеролот е лош по човековото здравје. 

- Една од основните препораки за правилна исхрана е разновидноста, т.е. застапеноста на сите хранливи материи во секојдневната исхрана – објаснува др. Јелена Гудељ Ракиќ, специјалист за хигиена и началник на Центарот за промоција на здравје при Институтот за јавно здравство на Србија Др. Милан Јовановиќ Батут. 

Важечките препораки се однесуваат на процентуално учество на главни макрокнутриенти (јаглехидрати – шеќери, масти и протеини) во дневниот енергетски внес. Тој однос е значаен за оптимално функционирање на сите човечки органи и ткива. Препорака е 50 до 65 отсто од дневниот енергетски внес потекнува од јаглехидратите, до 30 отсто од мастите, а 12 до 15 проценти од протеините. 

Од друга страна, според LCHF исхраната, се препорачува внесувањето на јаглехидрати да биде значително помало, а мастите повеќе од официјалните препораки. 

- За правилна исхрана од уште поголема важност е видот на храна со која се обезбедува и соодветен енергетски внес. На пример, не е сеедно дали изворот на јаглехидрати се благи работи или овошје т.е. житарки, објаснува др. Јелена Гудељ Ракиќ. 

Тоа е и еден од потенцијалните проблеми на LCHF исхраната, бидејќи таа некои групи намирници целосно или речиси целосно ги исклучува од исхраната – житарките, мешунките, компирот, оризот. Но, како предност, поддржувачите на оваа исхрана истакнуваат дека таа е најслична на изворната човечка исхрана пред доаѓањето на индустриската рафинирана храна, а нејзината основа ја чини изворната палео храна – рибата, месото, јајцата, многу разновидно овошје и природни здрави масти. Исто така се јадат полномасни млечни производи, ореви, лешници и слично како и многу овошје. Се избегнуваат намирници богати со шеќер и скроб, како што се леб, тестенини, пецива, како и рафинирано растително масло и маргарини. Се бираат чисти намирници најблиски до својот изворен облик, по можност од органско потекло или домашно одгледани. 

Заговорниците на LCHF исхраната, исто така тврдат дека - Мастите се неопходни во исхраната и имаат повеќе различни улоги: тие се одличен извор на енергија и есенцијални нутриенти (витамини растворени во масти А, Д, Е, К, есенцијални масни киселини), служат и како енергетска резерва, го подобруваат чувството на вкус и придонесуваат за чувство на ситост, имаат градивна улога како составен дел на сите клеточни мембрани – објаснува др. Гудељ. 

- Комплексите на масти и протеини се важни состојки на клетките кои се наоѓаат во клеточните мембрани, а значајна е и метаболичката улога на мастите, како и многу други улоги. Холестеролот и триглицеридите главно се наоѓаат во храна од животинско потекло и заситени масти, но голем дел од холестеролот во организмот е од ендогено потекло, додека само една третина со потекло од храната. Количината на холестеролот и заситените масти во храната недвосмислено влијае на зголемената вредност на холестеролот во крвта. 

На современиот човек на располагање му се огромен број на намирници кои треба да ги користи паметно и разновидно, со добро испланирана исхрана да се обезбеди добро здравје. Многу истражувања покажале дека едноличната исхрана, како и исхраната од која во целост се исклучуваат одредени видови на храна, доведува до разни нарушувања на здравјето, па и до болести – вели др. Гудељ. 

ДОЗВОЛЕНО И ЗАБРАНЕТО

ДОЗВОЛЕНО
Јајца, риба и друга морска храна, ракови, шкампи, школки. Месо – јагнешко, дивеч, свинско, говедско (не треба да се одвојува маснотијата), пилешко, внатрешни органи, суво месо, сланина, пршута и колбаси од домашно производство. 

Путер, павлака, свинска маст, чварки, цедено кокосово и маслиново масло. Мајонез и сосови направени од маслиново масло, путер, домашни јајца, зачини. Зеленчук кој расте над земја – зелка, карфиол, кељ, блитва, спанаќ, боранија, брокула, тиквици, домати, маслинки, печурки, краставици, сите видови на зелена салата, лук, пиперка, кромид. 

ОГРАНИЧЕНО
Полномасни млечни производи, сирења, јогурт, кефир. Сурово млеко. Коренест зеленчук – цвекло, келераба, морков. 
Лимон, цитрон, најдобро е шумско овошје малини, боровинки, јагоди, капини, рибизли кои содржат помалку шеќери. 
Коштунести плодови и семки – ореви, бадеми, лешници, семки од сончоглед, од лен и сусам. Кокосово брашно, незаблажен какао прав, кафе, чаеви, топла и студена лимонада. 

ДА СЕ ИЗБЕГНУВА
Шеќер, колачи, сокови и сите видови на засладени пијалоци. Зашеќерен јогурт, овес, мусли за доручек. Сите житарици и сите мешункасти плодови. Тестенина, леб, производи од брашно и житарики. Компир, сладок компир, чипс и помфрит. Ориз, пченка, маргарин, сувомеснати производи кои соодржат хемиски додатоци. Масло богато со омега 6 масни киселини, соино и масло од сончоглед.

 


Tyxo.bg counter