Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Зелен чај за детоксикација

Зелениот чај е најдоброто средство за детоксикација на организмот. Освен тоа, зелениот чај помага при слабеење, бидејќи го наведува организмот побрзо да согорува масти и го зголемува дневното трошење на калории.

За производството на сите видови чај се користат листовите на растението (Camellia sinensis), зимзелени грмушки, кој се одгледуваат во Азија и во тропските области. Зелениот и црниот чај се разликуваат само по начинот на обработка. За добивање на чрн чај , кој е најценет на Запад, листовите се берат, се оставаат да овенат еден ден, се виткаат во ролни и се оставаат да ферментираат на влажно место. На овај начин чајот стануваароматичен, но губи од своите здравствени активни материи како катехини и полифеноли. Листовите од кои се добива зелениот чај, се обработуваат на пареа и веднаш потоа се сушат, за да се спречи нивната ферментација: резултатот е пијалок, што е исклучително ценет на Исток, со деликатен вкус, малку теин и многу корисни материи.

За правилно приготвување потребно е во чаша да се стават 2 грама зелен чај и да се потопат со еднаква количина ладна и топла вода ( врелата вода ќе ги оштети лисјата на чајот) да се остави да отстои 2-4 минути и потоа да се процеде.

За да се разбере колку е корисен зелениот чај, доволно е да се сетиме дека Јапонците кои конзумираат големи количини на зелен чај , но и пушат премногу, се разболуваат многу поретко од рак на белите дробови во споредба со другите народи. Всушност неодамна спроведените истражувања докажуваат дека еден специфичен полифенол, епигалокатехин Гала ( EGCG), ја спречува трансформацијата на здравите клетки во малигни, го забавува растот на тумур и појава на нови крвни садови кои би требало да го напојуваат. Треба да се напомене дека црниот чај содржи 4% од овај полифенол, додека зелениот чај достигнува до 25%.

Но предностите на зелениот чај не завршуваат со ова. Бидејќи содржи многу флавоноиди, кои го спречуваат  таложењето на холестеролот и триглицеридите во ѕидовите на артериите, тој помага во спречување на срцев удар и атеросклероза ( две чаши на ден се довлни за да ја намалите 50% веројатноста за појава на овие болести), а во својствата на антиоксиданти катехините се дваесет пати по ефикасни од витамините и сто пати повеќе од витаминот Ц во борба со слободните радикали кои предизвикуваат стареење и труење на организмот. Зелениот чај има позитивно влијание врз бактериската цревна флора.

Покрај останатото зелениот чај помага во слабеењето, бидејќи го тера телото побрзо да согорува масти и го зголемува дневното трошење на калории ( со 4% според едно швајцарско истражување).

Тоа зависи делумно од тоа што содржи теин ( кофеинот е присутен во многу лекови за слабеење заради својствата да ја забрзува размената на материите), но пред се се должи на катехините кои ја стимулираат термогенезата , и го принудуваат организмот да согорува повеќе масти. Исто така теинот нема несакани ефекти за срцето и нервниот систем.

Tyxo.bg counter