Убавата кожа на лицето – тоа е еден од најважните атрибути на женската привлечност. Со настапувањето на студеното време таа има потреба од специални грижи и дополнително прихранување. Во домашни услови грижата за состојбата на кожата на лицето, може да се направи со помошта на зимски маски приготвени од природни продукти.
Маска од бел грав
За да ја приготвиме маската потребно е да свариме чашка бел грав, претходно накиснат во вода. Потоа гравот се пасира со помош на вилушка и се додава сок од половина лимон и мала лажица маслиново масло. Така добиената густа каша се нанесува на лицето и треба да делува 20 минути. Отстранете ја маската со помош на салфетка, а потоа исплакнете со млака вода. Маската е соодветна за сува кожа, ќе ја нахрани кожата и ќе го изедначи тенот.
Јапонска маска
За оваа маска потребно ви е еднакво количество мед, брашно и млеко. Маската се нанесува на чисто лице за половина час. Козметичарите препорачуваат редовна употреба на јапонската маска како превенција од стареење.
Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :
Продавница “ Гладијатори 1“ Далматинска 8 Битола 047/241 588 071/309 454
Продавница “ Гладијатори 2 “ Васко Карангелевски 60-1/4 Битола 047/252 109 071/309 459
Продавница и Фитнес Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб Битола 047/242 499 071/309 652
Продавница “ Гладијатори 4 “ Ѓуро Ѓаковиќ 18/4 Скопје 02/60 90 440 072/274 259

