Австриецот Арнолд Шварценегер е роден на 30 јули 1947 година и без сомнение е еден од најпознатите бодибилдери на светот. Има освоено 7 Mr. Olympia титули и со тоа стави свој печат на бодибилдингот во светотна спортот. Потоа отишол во Холивуд и стана една од најголемите филмски звезди на сите времиња во филмовите Терминатор, Вистински лаги , Тотален опозив. Овде можете да ги прочитате неговите инспиративни и мотивирачки цитати кои навистина му помогнале да успее:
1.”Како дете ги идеализирав спортските победници. Една работа е да се идеализираат хероите, а потполно друга работа е да се замислуваш себеси на нивно место. Кога ги гледав тие прекрасни луѓе, си реков себеси:” Јас можам да бидам на нивно место.”
2.”Сите имаме внатрешна сила. Силата е верба во себеси. Постои став за победување. Морате себеси да се видите дека победувате, пред стварно да победите и морате да сакате стварно да победите.”
“Добрите работи не се случуваат случајно. Секој ваш сон носи одредени ризици, посебно ризик на неуспех. Но тој ризик мене не ме застана. Замислете некој да проба нешто и да не успее. Тогаш мора повторно да проба. Не може да имате засекогаш неуспех. Ако пробате десет пати, поголеми ви се шансите единаесетиот пат да успеете, него воопшто да не пробавте”.
3. “Најмногу ме прави среќен што можам да се фокусирам на визијата за тоа каде сакам да бидам во иднина. Тоа можам да го видам толку јасно кога сонувам, како да е пред мене. Потоа добивам чувство дека не мора да бидам напнат тоа да се случи, затоа што веќе чувствувам дека тоа сум го постигнал, само прашање е на време. "
4."Кога имав десет години имав желба да бидам најдобар во нешто, па затоа почнав со пливање. Освојував првенства, но осетив дека не би можел да бидам најдобар. Се обидов да скијам, но сфатив дека немам потенцијал. Играв фудбал, но и тоа многу не ми се допадна, затоа што не добивав само јас заслуги, ако би сторил нешто спектакуларно. Од тој момент почнав да ги избегнувам тимските спортови. Потоа почнав да кревам тежини во други спортови и ми се допадна тоа. Го освоив Австриското првенство во 1964, но бев премногу висок за тоа. Се откажав од тоа и започнав со бодибилдингот. Две години подоцна, сфатив дека тоа е она каде што можам да бидам најдобар. "
5."Единствениот начин да станете шампион е да ги поминете сите повторувања на вежби, мачење и болка. Затоа јас тоа го нарекувам рутина на мачење.Тоа е како присилно мачење. Тортура на вашето тело. Но, тоа ми помага на таа болка да гледам како задоволство, болката ме прави поголем. А станувањето поголем е она што навистина го сакам. Затоа болката е задоволство за мене. Кога ја чувствувам тоа за мене е рај. Тоа е одлично. Луѓето мислат дека тоа е мазохистично, но се лажат. Мене ми се допаѓа болка поради одредена причина. Ја сакам болката ако е таа која ќе ми помогне да станам шампион. "
6. "Тоа што го правам е она што сакам да го правам. Не ми е гајле што мислат луѓето. Дури и ако не се согласуваат и велат дека го губам моето време, сепак сакам да бидам бидебодибилдер. Го сакам тоа. Јас многу го сакам чувството во мускулите, конкуренцијата и се што тоа ми носи. Јас никогаш не морав да работам во животот. Сум немал работа со право работно време. Но, јас добро заработував. Патував низ целиот свет за натпревари и егзибиции. Направив работа од она во што јас уживам , што може да го направи само 5% од населението. Останатите 95% се фрустрирани канцелариски работници, каде што тие работат за некој друг. А јас сум целосно независен. Затоа, ако повторно би се родил, повторно исто би постапил.
7) "Умот е граница. Се додека умот може да замисли дека можете нешто да направите тогаш тоа стварно го може. Додека во тоа 100%. верувате."

