Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Интересни факти за карфиолот

Името потекнува од латинскиот збор caulis (зелка) и цвет и од фамилијата зелки е еден од најлесно сварливите за човечкиот желудник, а го сервираме свеж, конзервиран-закиселен, печен или варен.

Зеленчук кој е застапен на пазарот во овој период од годината, а е неопходен за конзумирање во текот на целата година. Изобилството на Ц витамин А, Б и Б12 како и фолна киселина го издигнуваат на врвот на листата зеленчуци.

Карфиолот веќе подолго време е дел од светската кујна, но дури од неодамна, научниците му дадоа значење дека е важен продукт во борбата против рак, бидејќи содржи хемикалии кои што ги блокираат неговите клетки. Карфиолот е вистински зеленчук за сите оние кои се борат против вишокот на килограми, имено парче леб од 13 грама, има иста енергетска вредност како и 100 грама карфиол, или 25 калории на 100 грама.
Од минералите во карфиолот најмногу е застапен калциумот, фосфорот и железото. Поради тенката целулозна мембрана карфиолот се вари побрзо од другите зеленчуци од овој тип, така што пожелно е да се применува и во исхраната на болните од желудочно - цревни заболувања и на децата. Проширувањето на крвните садови во гениталиите, воспоставување на добар протек на крв, придонесува за  позитивен ефект во однос на плодноста и либидото.

Боите на карфиолот

Највообичаена е белата боја, меѓутоа постои и карфиол со бои на виножито кој е секако добиен по вештачки пат, најпрво се појави во Англија и тоа со портокалова, зелена и виолетова боја. Разликата измеѓу стандардниот бел карфиол и обоените е единствено тоа што содржат околу 25 пати повеќе каротин и витамин А како и антоцианинската антиоксиданската група која е исто застапена во црвеното вино, а интересен е фактот што при термичката обработка не се губи бојата, па звучи интригантно за да се проба.

Tyxo.bg counter