Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Како да се ослободите од главоболката без апчиња?

Кога ќе ве заболи глава немојте веднаш да посегнувате по апчиња, туку најпрвин пробајте на природен начин да се решите од болката. 

Спас побарајте во мразот

Ладните облоги помагаат на многумина кои боледуваат од главоболка и мигрена. Завиткајте мраз или замрзнат зеленчук во сува крпа и ставете ја на челото. Оставете ја да дејствува до 15 минути, а потоа направете пауза барем 15-тина минути. 

Загрејте се

И топлина може да биде од голема помош, особено кога станува збор за главоболки кои се предизвикани од напнати мускули. Ставете топли облоги на вратот и задниот дел од главата или пробајте истуширајте се со топла вода, така што млазот ќе го насочите во подрачјето на вратот. Внимавајте водата да не биде премногу жешка.

Масажа

Добрата масажа може да ви помогне да се решите од главоболката. Со врвовите на прстите измасирајте ги вратот, темето и рамениците. Имено, напетоста во овие подрачја може да биде одговорна за главоболката. 

Сон

Некогаш најдобро е да ја преспиете главоболката, особено ако во прашање е мигрената. Легнете во мирна и мрачна просторија. Ако не можете да заспиете, тогаш барем одморете се во мир. 

Обидете се со техники на релаксација

Стресот и анксиозноста може да ја влошат главоболка, поради тоа обидете се да се опуштите.

 

 


Tyxo.bg counter