Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Како да се спречи анемијата?

Анемиите кај децата се честа појава, но нема причина за загриженост. Со воведувањето на определени видови на зеленчук и овошје во исхраната се обезбедува доволно сила за забрзано растење и развој.

Супена лажица овесни снегулки се прелива со шолја млеко и се остава преку ноќ. Наутро во млекото и снегулките се меша ситно нарендано парче морков. Масата лесно се загрева и се заблажува со шеќер или мед. Оваа каша го отстранува заморот од умствена работа, ја јакне концентрацијата и забележително го подобрува успехот во учењето. Кога кон појадокот ќе се додаде и лажица мед, со малку сок од лимон, се добива добар оброк и за студенти.

Чајот од зрна од овес (20 гр на литар зовриена вода, да врие половина час) заблажен со мед е вкусен и исклучително го зајакнува организмот, па топло се препорачува за децата во развој.

Семките се спас за децата!

Научно е докажано дека семките од сончоглед се богати со фосфор, кој е мошне важен за растење на коските. Оттука се исклучително битни и корисни за правилен раст и развој на децата. Се користат како грицки, како додаток на колачиња, салати, супи, леб, напивки... Во пролет, за слабите деца без апетит, потребна е ефикасна каша што се подготвува од еднакви количества на чај од пелин  и излупени и здробени семки од тиква. Кашата се заблажува со мед.

Путерот од сусам - таан, е исклучително хранлив продукт за млади личности, вистински рудник на лецитин и незаситени масни киселини. Ги содржи сите аминокиселини (најмногу метионин) како и калциум, фосфор, нијацин и изобилство на витамин Е. Две лажичиња од овој путер вредат колку и 450 гр месо! Лесно се вари и пробива во крвта за помалку од 45 минути, додека за метаболизам на некои видови месо се потребни и пет часа.

Го има на пазарот, а едноставно се подготвува и во домаќинството, така што шолја сусам се сомелува во млин за кафе и се миксира со супена лажица сусамово масло. Се чува во фрижидер. Со додавање на вегета (и други зачини по желба) се добива вкусен и здрав премаз за леб. Здрав крем се добива кога таанот ќе се измеша со обрано млеко во прав и ќе се заблажи со мед. Ако му се додадат мелени ореви, станува вкусно колаче, а замрзнат е одличен сладолед.

Против анемија се користат коктели сокови од зеленчук, бидејќи го зголемуваат бројот на крвните зрнца, неопходни за правилно растење и развој, како и за јакнење на организмот воопшто. Во текот на денот место вода се пие сок добиен со цедење на три дела морков, два дела цвекло и еден дел листови од спанаќ или три дела морков, два дела листови од зелка и еден дел страк од праз.

Доматот е одлично средство против анемија, карактеристична за деца и млади луѓе во развој, бидејќи железото, бакарот и манганот го помагаат создавањето на крвните зрнца. Ова својство на доматот е мошне корисно за закрепнување на организмот по нагло губење на крв.

Изобилството на квалитетно железо го прави спанаќот мошне важно природно средство за лекување на анемијата, посебно покрај сознанието дека природни билни извори на железо уште се само зелената салата, леќата, сувите смокви и какаото. Железото ефикасно го помага и развојот на децата и ги олеснува напорите во текот на школувањето. Дополнителна вредност на спанаќот му дава и содржината на витаминот А, неопходен во исхраната на доенчињата и децата.

 


Tyxo.bg counter