Вежбањето ќе ви ја зголеми самодовербата, ќе направи да изгледате одлично, ќе ви даде повеќе енергија и ќе го подобри вашето здравје на многу различни начини. Да, да... Ретко која жена не го знае ова, но сепак останува мал бројот на жени кои редовно практикуваат физичка активност. И зошто е тоа така? Поради недостатокот на мотивацијаМотивацијата е она што треба да ве стане од кревет, да ве однесе до фитнес салата и да ве натера тоа да го практикувате редовно. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат да ја пронајдете потребната мотивација за да го направите вежбањето дел од вашето секојдневие:
- Секогаш имајте цел што сакате да ја постигнете. Сакате да изгледате одлично на забавите за новогодишните празници? Сега е време да станете и да се фрлите на вежбање. Но, кога ќе помине Нова година, не застанувајте, поставете си нова цел. Многу луѓе вежбаат одреден период и потоа се откажуваат. Ќе видат дека нивниот изглед се подобрил, ќе си ја постигнат целта и губат мотив, а за неколку месеци повторно се враќаат на стариот изглед. За да го избегнете тоа, вие поставете си нова цел „Да изгледам супер на роденденската забава“, „Костимот за капење да ми стои фантастично“ или „Конечно да го запетлам цветниот фустан којшто го чувам толку долго во плакарот“. Сè додека имате цели, ќе имате и мотивација да ги постигнете.
- Направете вежбањето да ви биде забавно. Да, вртењето на стационарен велосипед е многу досадно, особено ако треба да го правите 30 минути. Но, секогаш има начин тоа време да ви помине позабавно. Слушајте ја вашата омилена музика, гледајте ја вашата омилена серија. Пред да трепнете, ќе изминат 30 минути. Потребно е да експериментирате. Ако мразите фитнес со справи, тогаш обидете се со нешто поинтересно како јога, Тае Бо, танцување, нешто што ќе ви даде поттик да не пропуштате ниту една сесија.
- Купете си облека за вежбање. Вежбањето треба да ви носи задоволство и треба да се чувствувате убаво додека го правите, а соодветната облека е првиот чекор. Освен тоа, откако ќе ја купите облеката, сигурно ќе се чувствувате лошо ако стои неискористена. Таа треба да ви даде мотивација да станете и да го оправдате направениот трошок.
- Ако посетувате фитнес сала, таа треба да е блиску до вашиот дом. Колку подалеку е фитнес салата, толку повеќе изговори можете да пронаоѓате за да не одите. Изберете фитнес сала која е поблиску до вашиот дом, дури и да има помалку справи и да не изгледа така модерно како некој голем фитнес центар.
- Побарајте си добар пример кој ќе го следите. Кога ќе влезете во фитнес сала, секогаш има два типа жени. Едните со средена фризура, а понекогаш и шминка, облечени во слатка облека која им е жал да ја испотат и жени кои само ја собрале косата со стегач и се облекле онака како што им е најудобно за вежбање и со намера што повеќе да потат. Првите ќе ги најдете да читаат списание додека лежерно вртат на велосипедот, а вторите напорно ќе се обидуваат да извежбаат на колку што е можно повеќе справи. Вие изберете си пример кој ќе го следите од втората група. Или пак нека биде тоа некој од вашето опкружување, можеби колешка која изгледа особено млада за своите години поради тоа што се грижи за себе.
- Најдете си партнер за вежбање. Поканете некоја ваша пријателка или колешка да ви биде партнер за вежбање. Така ќе имате со кого взаемно да се мотивирате. Но, не избирајте пријателка која знаете дека лесно се откажува. Побарајте партнерка која исто како и вас има желба да си го подобри животот преку вежбањето. Можеби и ќе решите да се натпреварувате со неа. Зависи од вашиот карактер.
- Не претерувајте со вежбањето уште на почетокот. Кога ќе се запиштете на часови по аеробик, не се обидувајте уште од првиот ден да ги направите сите вежби како вашиот инструктор. Истото важи ако вежбате дома, гледајќи некои видео. Ако претерате, наредниот ден нема да можете да мрднете од кревет, па лесно е да се претпостави дека мотивацијата ќе ви пропадне во вода. Клучот е во умереноста. Започнете бавно и на секои два-три дена зголемувајте ги вежбите што ги правите.
- Визуализирајте. Земете стари слики од деновите кога сметате дека сте биле во топ форма. Или ако немате такви фотографии, замислете си како сакате да изгледате. Секогаш кога сте на сред вежбање и немате желба повеќе да ја поткренете ниту раката ниту ногата, претставете си ја во главата најдобрата слика од себе, т.е. оној изглед кон кој се стремите. Веднаш ќе добиете поттик да продолжите за што поскоро да се гордеете со своето постигнување.